Актуелниот Формула 2 шампион, Оскар Пјастри ќе биде возач на Алпин во сезоната 2023 како замена за Фернандо Алонсо, кој вчера објави дека преминува во Астон Мартин по пензионирањето на четирикратниот светски шампион, Себастијан Фетел.
21-годишниот Австралиец очекуваше да добие шанса и оваа сезона во Алпин, но францускиот тим се реши да остане со Естебан Окон и Фернандо Алонсо, доделувајќи му улога на резервен возач.
„Оскар е редок талент и горди сме што по четири години поддршка во јуниорските категории, ќе добие шанса да вози во Формула 1. Како наш резервен возач тој се запозна со функционирањето на тимот и заедно ќе одиме на долгорочниот цел за победи и освојување титули“, изјави шефот на Алпин, Отмар Шафнауер.
Пјастри се надева дека ќе стане првиот Австралиец со титула по Алан Џонс во 1980 година.
2023 driver line-up confirmed: Esteban Ocon ? Oscar Piastri
After four years as part of the Renault and Alpine family, Reserve Driver Oscar Piastri is promoted to a race seat alongside Esteban Ocon starting from 2023. pic.twitter.com/4Fvy0kaPn7
— BWT Alpine F1 Team (@AlpineF1Team) August 2, 2022