Милан го официјализираше трансферот на младиот белгиски талент, Шарл де Кетеларе од Клуб Бриж, како најскапо засилување во модерната ера на славниот италијански тим.
Преговорите меѓу двата клуба траеја цело лето и беа пред прекин откако белгискиот клуб бараше премногу пари, но на крајот беше склучен договор за 32 милиони евра плус 3 милиони во бонуси и 12.5 отсто од секој следен трансфер на 21-годишниот фудбалер. Тој потпиша петгодишен договор со Милан до јуни 2027 година и ќе го носи дресот со бројот 90. Според италијанските медиуми, талентот ќе заработува 2.2 милиони евра по сезона.
Де Кетеларе во Милан ќе игра на позицијата „треквартиста“, зад напаѓачите како фудбалер од средниот ред, но исто така може да биде на позицијата на „лажна деветка“. Тој дебитираше за белгиската репрезентација во ноември 2020, и веќе има осум настапи.
Official Statement: Charles De Ketelaere ➡️ https://t.co/VtKTmMciAo
Comunicato Ufficiale: Charles De Ketelaere ➡️ https://t.co/X3dTU6aXhp#ReadyToLeaveAMark #SempreMilan pic.twitter.com/17kFVVPheF
— AC Milan (@acmilan) August 2, 2022