Top Sport

Погба решил да не оди на операција за да може да настапи на СП

Повратникот во Јувентус, Пол Погба решил да не оди на операција на коленото и ќе има конзервативен третман во следните пет недели за да може да се врати за „бјанконерите“ оваа сезона и да настапи на Светското првенство, објавува „Ла газета дело спорт“.

Според нивните извори ова било одлучено заедно со медицинскиот тим на Јувентус и на француската репрезентација. Погба го повреди менискусот на десното колено на тренинг на Јуве во Лос Анџелес, и иако се веруваше дека ќе биде приморан да оди на операција која би го отстранила од терените повеќе од пет месеци, тој се реши да ризикува.

Scroll to Top