Top Sport

„Не би бил изненаден ако Сити ја освои титулата со голема разлика“

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил, кој сега е аналитичар на Премиерлигата, смета дека Ливерпул нема никакви шанси во борбата за титулата со Манчестер Сити во претстојната сезона.

Тимот на Пеп Гвардиола го брани трофејот, а во текот на летото се засили со доаѓањето на Ерлинг Халанд, еден од најдобрите напаѓачи во светот.

„Минатата сезона имавме трка за титулата и мислам дека Ливерпул тргна со огромна брзина, давајќи се од себе да издржи до крајот. Да бидам искрен, не би бил изненаден доколку Манчестер Сити оваа сезона ја освои титулата со голема разлика“, изјави екс дефанзивецот на Манчестер Јунајтед.

Во сезоната 2021/22, Сити го освои пехарот со 93 бода од 38 натпревари, додека тимот од „Енфилд“ имаше еден бод помалку.

Новата сезона во Премиерлигата започнува на 5 август со дуелот меѓу Кристал Палас и Арсенал.

Scroll to Top