Поранешната ѕвезда на Арсенал, Тјери Анри ќе се „обедини“ со Цеск Фабрегас, откако и тој се подготвува да стане акционер во италијанскиот второлигаш, Комо.
Фабрегас се приклучи на Комо во изнендувачки трансфер од Монако, потпишувајќи двегодишен договор и стана акционер на тимот во новиот проект во Ломбардија, каде што генерален директор е поранешниот фудбалер на Челси, Денис Вајс. Според Џанлука ди Марцио, Анри наскоро ќе го посети Комо за да ја потврди одлуката.
Комо има неверојатен раст од воскреснувањето на тимот во 2017 година. Поради финансиски проблеми, клубот беше пратен во Серија Д во сезоната 2017/18, по што се вратија во професионлниот фудбал по победата во својата група. Оваа година, клубот беше купен од индонезискиата компанија „Џарум групација“, предводена од милијардерите Мајкл Хартоно и Роберт Буди Хартоно.
Non solo #Fabregas, anche #Henry diventerà azionista del @Como_1907 https://t.co/YcbB7nHSYh
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 3, 2022