Top Sport

Јунајтед го пратија Алекс Телес на позајмица во Севилја

Бразилецот Алекс Телес ја комплетираше позајмицата во Севилја, откако шансите за првотимски фудбал во Манчестер јунајтед драстично му се намалија под новиот менаџер Ерик Тен Хаг.

Минатата сезона, тој беше замена за Лук Шо, а по пристигнувањето на Тајрел Маласија од Феенорд беше јасно дека ќе мора да се пронајде нов клуб за него за 2023.

Телес се реши на Севилја, клубот каде што минатата сезона на позајмица беше неговиот соиграч, Антони Марсијал.

Scroll to Top