Кошаркарската репрезентација на Македонија со гостување во Данска на 25 август ќе го стартува настапот во претквалификациите за ЕП 2025. Одреден е и градот домаќин, тоа е Нествед, лоциран на околу 70 километри од Копенхаген. Во последните години тоа е традиционална база на данските кошаркари.
Натпреварот ќе се одигра во сала со капацитет од 3.000 седишта и се очекува трибините да бидат исполнети, со оглед дека Данска има големи амбиции во ова натпреварување.
Билетите за овој натпревар се веќе пуштени во продажба по цена од 780 до 1.400 денари.
Во група со Македонија и Данска се уште и селекциите на Словачка и на Норвешка.