Татко и син во ист тим, тоа и не честа пракса во светот на фудбалот, особено во европскиот. Но овој преоден рок може да донесе такво нешто и тоа во Атлетико Мадрид.
Тренерот Диего Симеоне бара уште еден напаѓач што треба да биде алтернатива за Диего Коста и Антоан Гризман, се шпекулира со имињата на Оливе Жиру и Никола Калиниќ, а не е исклучено Чоло да тргне по својот син Џовани.
Џовани Симеоне е играч на Фиорентина, а минатата сезона ја одигра одлично и ја заврши со 15 гола и пет асистенции.
„Не би се противел доколку тренер ми биде мојот татко. Ги гледам неговите натпревари, тој ги гледа моите. Имаме исклучителен однос на теренот и надвор од него. Бо сакал еден ден да играм за Атлетико“, порачал Џовани Симеоне.
Инаку, според медиумите, интерес за синот на Диего Чоло Симеоне покажуваат уште два тима, Баерн Михнен и Олимпик Марсеј.