Top Sport

Виландер се извини поради изјавата дека Федерер нема м….а

Повеќекратниот Гренд слем шампион, телевизискиот аналитичар, Матс Виландер, му се извинил на Роџер Федерер за некои коментари што биле насочени кон него.

Во изминатите неколку месеци Виландер најчесто го критикуваше Федерер, а особено тоа го правеше поради одлуката на Швајцарецот да не игра на Ролан Гарос. Виландер, пред неколку недели изјави дек а „Федерер нема ма…а“.

„Со извинив за тој коментар. Денес на многу спортоиви им недостигаат вистински шампиони што имаат срце и ма…а. Реков дека Федерер би можел да има срце и ма…а и да излезе да игра против Надал на Ролан Гарос. Роџер не е совршен, иако е Швајцарец, а тое секогаш прават совршени работи. Роџер не е совршен, тој тоа го знае и ние го знаеме тоа“, рекол Вилалндер.

„Го почитувам Федерер повеќе од било кој друг играч во историјата. Поради тоа најмногу него го критикувам. Очекувам секогаш повеќе од него. Јас сакам да гледам како Федерер го добива Надал во пет сета на Ролан Гарос. Дали е можно тоа? Не знам. Но тоа сигурно би бил најдобриот меч во историјата“, завршил Виландер.

Scroll to Top