Златан Ибрахимовиќ уште не е „за фрлање“. Шведскиот ветеран по крајот на сезоната и освојувањето на скудетото со Милан реши да оди на операција на проблематичното колено, но потпиша едногодишен договор со „росонерите“ за „минималец“ и покрај тоа што има 40 години.
Сега, преку социјалните мрежи, Швеѓанецот се пофали со состојбата на неговите нозе 11 недели по операцијата, пишувајќи „Без граници“ со фотографија на мускулестите нозе.
Рехабилитацијата очигледно се одвива според планот.
Limitless #11weeksafter pic.twitter.com/fh6fo6OAiR
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) August 10, 2022