Top Sport

Берарди останува во Сасуоло до 2027 година

Ѕвездата на Сасуоло, Доменико Берарди, речиси сигурно ќе остане во тимот и во новата сезонa. И покрај интересот на Јувентус и неговата желба да ја промени средината, напаѓачот сепак се согласил да потпише нов договор.

Берарди и понатаму е најплатениот играч на Сасуоло, а по продолжувањето на договорот ќе добие дополнително зголемување на плата.

Напаѓачот ќе стави потпис на договор до 2027 година.

Scroll to Top