Поранешниот српски репрезентативец, Саво Милошевиќ, сепак, нема да биде нов тренер на Партизан, откако се откажал во последен момент и на испразнетото место во клубот ќе седне Гордан Петриќ, тврди спрски „Телеграф“, објаснувајќи дека Милошевиќ се предомислил поради „технички причини“.
Ова е кулминацијата на хаосот во Партизан, откако го отпуштија тренерот Илија Столица по испаѓањето во квалификациите за Лига Европа од кипарскиот АЕК Ларнака и слабиот старт на сезоната во српската Суперлига.
Петриќ е поранешен член на управата на Партизан во периодот кога освоија шест титули во Србија, по што стана тренер, работејќи во Чукарички, Земун и Рад, но во грчкиот АЕЛ Лариса и словенечкиот клуб Горица.