Top Sport

Ѓоковиќ не игра во Синсинати, но постои надеж дека ќе игра на САД опен

Новак Ѓоковиќ официјално се повлече од Вестерн енд Саутерн опен во Синсинати, но сепак, останува можност да игра на последниот гренд слем од сезоната, САД опен, кој почнува на 29 август во Њујорк по „опуштањето“ на мерките против КОВИД во САД.

На 35-годишниот Ѓоковиќ во моментов не му е дозволено да патува во САД како невакциниран сранец, но денеска, Центарот за контрола и спречување зарази (ЦДЦ) во четвртокот најави укинување на повеќето мерки против КОВИД. Околу можноста тој да патува во САД најверојатно ќе има одлука во следните недели.

„Во следните недели, ЦДЦ ќе работи за воведување на мерки за собирите со повисок ризик за трансмисија и за патување“, велат од ЦДЦ.

21-кратниот гренд слем шампион Ѓоковиќ во јануари беше депортиран од Австралија бидејќи не е вакциниран, откако беше опишан како „закана за јавното здравје“. Тој играше на Ролан Гарос, каде што загуби во четврт-финалето од Рафаел Надал и на Вимблдон, каде што ја освои титулата со победа над Ник Кирјос.

Scroll to Top