Top Sport

Ќерката на Саша Даниловиќ е новата тениска надеж (галерија)

Српската тинејџерка Олга Даниловиќ стана првата тенисерка во историјата родена во новиот милениум со ВТА титула, откако во неделата ја совлада 17-годишната врсничка од Русија, Анастасија Потапова со 7:5/6:7(1)/6:4.

Со ова, тенисерката родена во јануари 2001 година стана најмладата тенисерка со ВТА титула по Хрватката Ана Коњух, која во 2015 година победи во Нотингем. Покрај тоа, таа стана првата тенисерка која освоила титула на турнир на кој настапила како „лаки лузер“, односно поразена во последното коло од квалификациите, но потоа настапи поради повлекување на друга тенисерка.

Досега, Даниловиќ во кариерата има четири титули на ИТФ и три титули во двојки од јуниорските гренд слем турнири – Ролан Гарос (2016), Вимблдон (2017) и САД опен (2017). Даниловиќ, инаку, е ќерка на славниот поранешен српски кошаркар, а сега претседател на Српскиот кошаркарски сојуз (КСС), Предраг „Саша“ Даниловиќ.

Саша Даниловиќ беше сметан за еден од најдобрите европски кошаркари во 1990-тите, поминувајќи го поголемиот дел од кариерата со Виртус Болоња. Тој во кариерата освои две титули од Евролигата (со Партизан во 1992 и со Виртус во 1998 година), и еден трофеј од Купот на Радивое Кораќ (со Партизан во 1989 година).

??#sundayfunday

A post shared by Olga Danilovic (@danilovicolga) on

❤️?escape the ordinary?❤️ #stosampametna?

A post shared by Olga Danilovic (@danilovicolga) on

#Nike#AF1#forceisfemale

A post shared by Olga Danilovic (@danilovicolga) on

????#yankees

A post shared by Olga Danilovic (@danilovicolga) on

?

A post shared by Olga Danilovic (@danilovicolga) on

Scroll to Top