Top Sport

Инзаги: Победивме со срце, но овој Интер мора да доминира

Интер едвај извлече победа (1:2) против Лече на стартот на новата сезона во Серија А. Дензел Дамфрис постигна победнички гол за Интер во 94.минута од натпреварот, а тренерот Симоне Инзаги потенцира дека неговиот тим сепак мора да игра подобро на следните натпревари.

„Верувавме дека можеме до победа и ја остваривме во последните моменти од натпреварот. Покажавме дека можеме да направиме многу кога сме посветени и ја посакуваме победата од срце. Но, тоа е единствената позитивна работа од овој натпревар и ќе мора да играме многу подобро на наредните натпревари. Не би сакал другпат да се доведеме во ваква ситуација. Овој тим треба да игра многу подобро и да доминира. Во завршницата тргнавме на се или ништо, игравме со четворица напаѓачи и тоа ни се исплатеше“, изјави Симоне Инзаги.

Во следното коло Интер на домашен терен ја пречекува Специја.

Scroll to Top