Младиот македонски голман Васко Василев (18) е пред трансфер во португалскиот гигант Порто. Тој мина одреден период на тренинзи со тимот и задоволи, по што се водат преговори за реализација на посакуваниот трансфер.
Васко Василев е член на Црвена Звезда, играше филијалата на српскиот шампион, Графичар, а скаутите на Порто го забележале при настапите за младинските селекции на Македонија.
Василев е еден од најталентираните голмани што Македонија ги имала во последните неколку години, тој ги мина сите национални младински категории, а во моментов настапува за репрезентацијата на Македонија до 19 години.