Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер Јунајтед би можел да пропадне откако мајката на играчот, а воедно и негова менаџерка Вероника ги постави нејзините барања пред Англичаните. Имено, ексцентричната госпоѓа Рабио раководи со кариерата на Адриен и во негово име преговара со клубови. Иако Јувентус и Јунајтед се договорија за обештетување од 17 милиони евра, а самиот Адриен сакаше да замине во Јунајтед, Вероника ги налути челниците на англискиот клуб.
Таа за синот побарала годишна плата од околу 10 милиони евра, а на тоа не сакале да се согласат во Манчестер. Адриен не е во плановите на Јувентус и сакаше да се испроба во Премиерлигата и да стане важен играч за врска во тимот на Ерик тен Хаг. Се чинеше дека трансферот е блиску до реализација бидејќи Јувентус веќе се договорил за доаѓањето на замената на Рабио, тоа е Леандро Паредес од ПСЖ.
Сепак, Рабио би можел да остане уште една година во Јувентус, со кого има договор до 30 јуни 2023 година.
Рабио мораше да го напушти ПСЖ, неговиот матичен клуб, поради неговата мајка. Пред три години му истече договорот со францускиот шампион, па тој замина во Јувентус како слободен агент. Му претходеше драма во режија на мајката и менаџерка Вероника. Откако се скараа со сите во Париз, во која Рабио му беше забранет пристап во соблекувалната освен непосредно пред натпреварите, таа го отфрли Тотенхем дека е „под нивото на Адриен“.
Зимата 2019 година се договорија со Барселона, но со неверојатно барање го нарушија трансферот кој практично беше договорен.
Исто така, додека тој играше за ПСЖ, таа веруваше дека нејзиниот син треба да заработува колку и Килијан Мбапе.