Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани ќе ја продолжи кариерата во Шпанија. Тоа е неговата желба и поради тоа ја одби и понудата на Бока Јуниорс.
Раководството на Вилјареал му даде одлична понуда на искусниот напаѓач кој ова лето го напушти Манчестер Јунајтед како слободен агент. Тој би сакал повторно да работи со Унаи Емери и најверојатно ќе го прифати предизвикот.
Покрај Вилјареал, за Кавани интерес покажува и Валенсија.