Менаџерот на Челси, Томас Тухел е казнет со 35.000 фунти и условно суспендиран на еден меч (што значи дека викендов ќе може да биде на клупата на мечот со Лидс), додека менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте избегна суспензија и доби казна од 15.000 фунти за нивната физичка пресметка на лутото 2:2 дерби, во необично „лесна“ одлка на Фудбалската асоцијација (ФА).
Тухел и Конте добија црвени картони од судијата Ентони Тејлор по крајот на мечот, откако претходно се провоцираа во жестокото дерби во кое менаџерот на Челси сметаше дека се оштетени од судиските одлуки.
По мечот и двајцата сметаа дека не се работи за „голема работа“.
„Најважно е да одиме напред и да се респектираме. За мене, ситуацијата заврши таму. Не се работеше за голем судир. Голем судир е тепачка“, изјави Конте.