Хрватскиот тенисер Борна Чориќ продолжи со одличните игри во Синсинати, тој преку Феликс Оже-Алијасим избори пласман во полуфиналето.
По елиминацијата на Рафаел Надал, тенисерот од Загреб со 2:0 (6:4, 6:4) го совлада и деветтиот играч на АТП листата.
Мечот траеше 102 минути, Чориќ во секој сет направи по еден брејк.
Чориќ ќе се обиде да ја продолжи бајката во полуфиналето, негово прво на турнирите од Мастерс серијата по 2018 година.
Сега си го обезбеди враќањето меѓу најдобрите 70 тенисери во светот, а доколку стигне до финалето, в понеделник ќе се најде меѓу најдобрите 50, додека доколку ја освои титулата би можел да стигне до првите 30 на АТП листата. од сегашната 152. позиција.
За финалето ќе игра против Камерон Нори од Велика Британија.
Тој во четврт-финалето беше подобар од Шпанецот Карлос Алкараз со 7:6 (4), 6:7 (4), 6:4 по повеќе од три часа игра.
Првите два сета беа решени во драматични завршници преку тај-брејк, а потоа во третиот сет Нори ја искористи четвртата брејк топка во деветиот гем и потоа со своите сервиси стигна до три меч топки и се пласираше во полуфиналето на Синсинати.
Во вториот меч за финалето ќе се сретнат Даниил Медведев и Стефанос Циципас.