Мото ГП шампионатот од следната сезона ќе воведе спринт-трки. Трките ќе се возат секој тркачки викенд, беше потврдено на Големата награда на Австрија.
Веста за воведување на спринт-трки се појави во претходните денови и ги изненади самите возачи, кои за промената дознаа од новинарите. Официјалната потврда дојде на патеката „Ред Бул Ринг“, а првиот човек на Дорна Кармело Еспелета, претседателот на Меѓународната асоцијација на тркачки тимови (IRTA) Ерве Пончарал и првиот човек на Светската мотоциклистичка федерација Хорхе Виегас истакнаа дека имаат едногласна поддршка на тимовите. Еспелета исто така истакна дека задача на тимовите е да ги информираат своите возачи.
Она што во моментов е познато е дека спринт-трките ќе се вози во сабота. Ќе се вози половина од стандардната трка и ќе се доделуваат половина од стандардните бодови.
Резултатите од таа трка нема да го одредат стартниот редослед за главната трка, туку и понатаму ќе се возат квалификации. Како точно ќе изгледа целиот тркачки викенд дополнително ќе биде објавено.