Тајсон Фјури и Олександер Усик ќе боксуваат за обединување на титулите во тешка категорија на 17 декември во Саудиска Арабија, тврди британскиот „Дејли мејл“, откако Фјури потврди дека веќе не е пензиониран веднаш по саботниот меч на Усик против Ентони Џошуа, во кој Украинецот доминантно стигна до победа.
Мечот би бил „тежок“ 150 милиони фунти и би се оддржал на 17 декември, еден ден пред во Катар да се игра финалето на Светското првенство во фудбал, тврди „Дејли мејл“.
„Заинтересирани сме за мечот за обединување на титулите во тешка категорија. Сакаме тоа да се оддржи во Ријад“, изјави принцот Мохамед Абдулазиз, министерот за спорт на Саудиска Арабија.
Претхоно, промотерот на Фјури, Френк Ворен за „Би-би-си“ најави дека мечот за обединување на титулите е логичен чекор, бидејќи и двајцата боксерси се заинтересирани за тоа.