Еден од ретките фудбалери кој во својата кариера играл и за Ливерпул и за Манчестер јунајтед, Мајкл Овен го избра својот најдобар тим во историјата на Премиерлигата, која минатиот викенд ја прослави својата 30-годишнина, со малку изненадувачки отсуства, иако во тимот има доста негови поранешни соиграчи.
„Почнувајќи на голот, несомнено Петер Шмајхел, кој освои толку трофеи и беше дел од најголемиот тим од таа генерација“, објаснува Овен.
Во одбраната, тој се реши за англиска четворка – Гери Невил и Рио Фердинанд од Јунајтед и Џон Тери и Ешли Кол од Челси, иако го спомена и Виргил ван Дајк.
„Се мислев за Ван Дајк, бидејќи мислам дека во моментов е најдобриот дефанзивец на светот. Но, тој не го прави ова доволно долго време“, вели Овен.
Во средината, изборот бил најтежок, но на крајот тројката е Патрик Виера (Арсенал), Пол Сколс (Манчестер јунајтед) и Стивен Џерард (Ливерпул), додека во нападот, тук се Кристијано Роналдо, Алан Ширер и Тјери Анри, кого го опиша како најдобриот играч во историјата на лигата.
„Многу тешко беше што морав да го изоставам Вејн Руни“, признава Овен.