Динамо Загреб е на чекор од нов пласман во групната фаза на Лигата на шампионите, откако по првото полувреме од реваншот против Бодо/Глимт имаат 2:0 предност.
„Модрите“ загубија со 1:0 на гостувањето во Норвешка, пред на „Максимир“ да дојдат до рана предност преку Мислав Оршиќ во 13. минута, но несомнено најубавиот момент дојде во 35. минута, кога македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски му асистираше на Бруно Петковиќ, кој го постигна најубавиот гол во квалификациите за ЛШ.