Top Sport

Мерцедес со ретро-шасија, но со нови подобрувања одат на победа во Спа

Мерцедес ќе возат со ретро-шасија на својот В13 болид овој викенд во знак на прослава на 55-годишнината на АМГ, компанијата со која соработуваат и која прави официјални модификации на уличните автомобили на „сребрената стрела“.

АМГ е основна во 1967 година од Ханс Вернер Ауфрехт и Ерхард Мелхер, и во знак наа прослава на годишнината, Луис Хамилтон и Џорџ Расел ќе возат со болид со посебно АМГ лого и ретро бројка на болидите, слично на дизајнот на победничкиот автомобил од 24 часа Спа во 1971 година, автомобилот познат како „црвеното прасе“. Безбедносното возило, кое всушност е Мерцедес АМГ ГТ Р.

„АМГ е синоним за тркање и за високи перформанси. 55 години тие го прават невозможното на четири тркала, на улиците и на тркачките патеки“, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

На патеката пак, Мерцедес влегува во вториот дел од Ф1 сезоната бркајќи ја својата прва победа во 2022, со големи подобрувања и надежи дека ќе се надминат проблемите со „потскокнувањето“ на болиот. Во последните шест трки, Мерцедес постојано беа на подиумот.

 
 

Scroll to Top