Американските медиуми јавуваат дека на Флорида е уапсен кошаркарот на Минесота Тимбервулфс Торин Принс.
Според извештаите, НБА играчот првпат бил запрен пред околу три месеци поради рутинска сообраќајна контрола, а полицаецот открил дека неговата регистрација на автомобилот е истечена, Ова се случило на територијата на Тексас.
Три месеци подоцна, на Флорида, при контрола на еден од аеродромите во багажот на кошаркарот биле пронајдени два пиштоли и наркотици кои биле испратени на детални испитувања.
Утврдено е дека поседува марихуана и масло од канабис, поради што Принс бил уапсен.
Принс во четвртокот бил префрлен во притвор во „Тарнер Гилфорд Гилфорд Најт“.
Следува натамошна постапка и испитувања, допрва ќе биде познато кави последици ќе сноси кошаркарот.
Минесота, во јуни, потпиша двегодишен договор вреден 16 милиони долари со Принс.
Минатата сезона Принс имаше просек од 7,3 поени, 2,5 скока и една асистенција по натпревар.