Top Sport

Фудбалер на ЦСКА Софија допингуван играл против Македонија ЃП

Фудбалерот на ЦСКА од Софија, Георги Јакимов, паднал на допинг-тестот, соопшти клубот. Тестот на Јакимов му бил направен по натпреварот со Македонија Ѓорче Петров, одигран во рамките на второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции.

ЦСКА ја победи Македонија Ѓорче Петров со 4:0, а еден гол постигна токму Јакимов. Бугарскиот клуб објави дека Светската анти-допинг агенција (ВАДА), пред двомечот со Базел во плејофот, ги информирала дека Јакимов паднал на допинг тестот.

„На 25. август пред мечот со Базел добивме писмо од ВАДА за откривање на забранета супстанци во телото на Георги Јомов. Примерокот од урина кој бил земен на 28. јули по средбата со Македонија Ѓорче Петров бил позитивен“, стои во објавата на ЦСКА.

Јакимов има рок до 1. септември да се одбрани. Поради позитивниот тест тој е привремено суспендиран на 90 дена.

Scroll to Top