Аталанта, до крајот на преодниот рок ќе се засили со талентираниот Данец, Расмус Хојланд.
Хојланд има 19 години, во Бергамо ќе ристигне од Штурм. Австрискиот тим го донесе Хојлндво зимскиот преоден рок, од Копенхаген за 1.800.000 евра, а шест месеци подоцна го продаде за 10 пати поголема сума.
Аталанта за напаѓачот ќе плати 17.000.000 евра.
Во досегашниот дел од сезоната одигра осум натпревари и постигна шест голови. Тој е висок 191 сантиметар. Во последната сезона за австрискиот тим одигра 13 натпревари и постигна 6 гола.
Заклучно со трансферот на Хојланд, Аталанта на засилувања во преодниот рок потроши 98.000.000 што е клупски рекорд.
Летово Аталанта ги откупи договорите на Бога (22.000.000) и Демирал (20.000.000) , а во ти от пристигнаа Едерсон (21.000.000) и Сопи (9.000.000).