Тренерот на Адана Демирспор, Винченцо Монтела мораше да биде спречуван да влезе во физичка пресметка со сопствениот напаѓач, Марио Балотели во неверојатен конфликт на двајцата Италијанци кој се случи по крајот на мечот против Умранијеспор, кој Адана го доби со 1:0.
Инцидентот се случи кога Балотели му дофрли нешто на својот тренер, кој потоа мораше да биде спречуван да влезе во физичка пресметка со сопствениот фудбалер.
„Немам што да кажам за Марио Балотели. Тој не ги исполни моите очекувања, и понекогаш има ваква тензија по крај на мечот. Нема да коментирам ништо повеќе“, изјави Монтела по мечот.
За Балотели ова не е ништо ново, откако во Манчестер сити имаше славни конфликти со уште еден италијански тренер, Роберто Манчини, кој го исфрли од тренинзи.
Balotelli – Montella Kavgası pic.twitter.com/TbIpNANNDc
— Lord Sinov (@balotellivekil) August 27, 2022