По првите три победи во кои постигнаа дури 17 голови (5, 5 и 7), Пари Сен-Жермен, конечно, налетаа на сериозна пречка во меч од француската Лига 1, извлекувајќи тешко 1:1 реми на „Паркот на принцовите“ со гол од пенал.
Клубот од кнежевството успеа да дојде во водство во 20. минута со голот на Кевин Фоланд по асистенција на Денис Головин, по што успеаја да ги издржат сите напади до крајот на полувремето, а ПСЖ немаа среќа кога последователните обиди на Лео Меси и Килијан Мбапе завршија во стативата.
До израмнување тимот на Кристоф Галтие стигна во 70. минута од мечот, кога по консултација со ВАР беше досуден пенал, а Нејмар беше сигурен реализатор.
Standings provided by SofaScore LiveScore