Баерн Минхен е најголемиот фаворит за освојување на Лигата на шампионите, објави „Платформа 538 (FiveThirtyEight)“ која се занимава со аналитички проценки на сите релевантни фудбалски натпреварувања.
Според оваа проценка, Баерн има 21 отсто шанси да ја освои Лигата на шампионите. На второто место е Манчестер сити со 18, додека Пари Сен Жермен е трет со 13.
Ливерпул е четврти фаворит во оваа сезона во Лигата на шампионите со 11 отсто шанси, додека актуелниот европски првак Реал Мадрид е петти со шест отсто.
Најмалку шанси да ја освои Лигата на шампионите има Макаби од Хаифа. На израелскиот шампион му се даваат помалку од еден процент шанса да го освои најдоброто европско клупско натпреварување.