Ју-ес опен постави рекорд по број на гледачи во вечерната сесија со 29.402 навивачи. Рекордот беше соборен поради мечот меѓу Серена Вилијамс и Данка Ковиниќ во првото коло.
Навивачите се појавија во националниот тениски центар „Били Џин Кинг“ во огромен број бидејќи овој дуел можеше да биде последен во кариерата на Серена Вилијамс, која се повлекува по Ју-ес опен.
Покрај 29.402-те луѓе во комплексот за вечерните натпревари, дуелите во дневниот термин ги следеле 41.930 гледачи – односно вкупно 71.332, што е втор најпосетен ден во историјата на овој Грен слем.
Навивачите кои не можеа да влезат на трибините на теренот „Артур Еш“ кога играа Серена и Данка, ја видоа живата легенда на тенисот пред да влезат на теренот.
23. Грен слем титули во сингл, 16 во двојки, прво место на ВТА рангирањето, злато во Фед куп, Хопман куп, Олимписки игри (1 сингл, 3 двојки), пет финалиња… Тоа е Серена Вилијамс.
Серена избори пласман во второто коло со победата од 6:3, 6:3.
The queen of Queens. pic.twitter.com/WipNUcGL5q
— US Open Tennis (@usopen) August 29, 2022