Top Sport

Конте: Кејн е среќен во Тотенхем, сакам да потпише нов договор

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте верува дека Хари Кејн е среќен во тимот и дека клубот е на добар пат да го убеди да го продолжи договорот.

Договорот на Кејн истекува за две години, но клубот сака да го задржи 29-годишниот напаѓач подолго од тоа. Капитенот на англиската репрезентација одлично ја започна сезоната, постигна четири гола на првите четири натпревари во Премиер лигата, во кои Тотенхем освои десет од можните 12 бода.

Италијанскиот тренер изјави дека не е запознаен со деталите за евентуален нов договор со Кејн, рекол дека тој не вклучен во некакви потенцијални преговори.

„Моето мислење е само едно од милион мислења. Станува збор за првокласен напаѓач, фудбалер кој во моментов е најрепрезентативен играч на Тотенхем. Сигурно би сакал тој да потпише нов договор. Но, во овој момент е многу важно што гледам дека е среќен, целосно е вклучен во оваа сезона, во овој проект и во она што го работиме. Новиот договор е одлука која треба да ја донесат играчот и клубот“, изјави Конте.

Scroll to Top