Интер се соочува со бројни проблеми на почетокот на сезоната. Вице-првакот на Италија го загуби дербито со Лацио и во исто време остана без Ромелу Лукаку.
Белгиецот се врати во Интер на позајмица, откако минатото лето се пресели во Челси. Одлично влезе во новата сезона, постигна гол во првото коло против Лече, асистираше против Специја, но против првиот посилен противник Лацио не направи ништо на теренот.
Тој беше заменет со Един Џеко во 68. минута од натпреварот, потоа Интер конечно заигра и почна да создава шанси, но не можеше да го избегне поразот (3:1).
По тој натпревар стигна веста дека Лукаку има проблеми со левата тетива и дека ќе ги пропушти натпреварите со Кременезе, Милан, а многу веројатно и Баерн во првото коло од Лигата на шампионите.
„Газета дело спорт“, во средата излезе со нови информации околу повредата на напаѓачот. Како што пишува споменатиот извор, Белгиецот уште еднаш ќе биде прегледан во наредните денови, а првите прогнози не се добри.
Очигледно повредата далеку посериозна отколку што се мислеше, а реални се шансите Лукаку да не игра фудбал во септември, односно да се врати на терените дури во октомври.