Top Sport

„Хулигани во години“? Двајца навивачи на Фиорентина добија суспензија за инцидентот со Спалети

Двајца навивачи на Фиорентина кои се расправаа и се обидоа физички да се пресметаат со тренерот на Наполи, Лучано Спалети добија по двегодишна забрана за влез на фудбалски стадиони, но интересно е што и двајцата имаат над 50 години, а не се работи за некои неконтролирани тинејџери.

Се работи за 51-годишен навивач од Скандичи, кој се обиде да му залепи шамар на Спалети, откако претходно ја навредуваше неговата почината мајка, и за 71-годишен навивач кој фрли со пластично шише по тренерот.

Двајцата навивачи добиле таканаречена „ДАСПО“ забрана, со која нема да можат да влезат на било каков стадион за спортско натпреварување во Италија и во Европската Унија. Трета „ДАСПО“ забрана добил 38-годишен навивач на Наполи, кој пред „Артемио Франки“ бил најден со нож и со пиротехнички материјали.

Спалети ќе се тепаше со фан на Фиорентина

Scroll to Top