Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во периодот од 21. до 26. септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Свети Мартин на Мура, Хрватска. Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски, за претстојниот турнир во Хрватска се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Александар Ангелкоски (Тетекс);
Одбрана: Антонио Јанкулоски (Вастра Фролунда, Шведска), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугсбург);
Среден ред: Алекс Златков (Шкупи), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Победа), Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Газиантеп, Турција), Ване Крстевски (Академија Пандев), Леонид Игнатов (Скопје), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска Спорт), Арда Окан Куртулан (Адана, Турција);
Напад: Марио Илиевски (Кишварда,Унгарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија), Методи Максимов (Работнички);
Во составот за натпреварите во Хрватска не е повикан фудбалерот на Шкендија, Дашмир Елези поради повикот во селекцијата до 19 години што ја предводи Неџат Шабани.
Селекцијата до 19 години против Кипар ја има последната контролна средба пред квалификацискиот турнир за Елитна фаза за ЕП.
Првиот натпревар на турнирот во Хрватска го играме против Албанија на 23. септември.
На 26. септември дополнително ќе биде утврдено која од селекциите, Хрватска или Саудиска Арабија ќе биде нашиот следен противник.
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е закажан на 18. септември во хотел Парк.