Не жалат сите за смртта на британската кралица. Навивачите на ирскиот клуб Шамрок роверс беа осудени од самиот клуб откако ја прославуваа смртта на Елизабета Втора со песна: „Лизи е во кутија“ на мечот од Конференциската Лига Европа против шведскиот Ѓургарден.
Расположението на стадионот „Талагт“ во Даблин беше на високо ниво, и тоа не само поради историскиот пласман во групните натпреварувања во Европа, туку и поради веста за смртта на кралицата.
„Шамрок роверс ги осудува песните на една група навивачи на вчерашниот натпревар. Такви нечувствителни и злобни песни не се прифатливи за нашиот клуб и се во спротивност на вредносите на клубот. Шамрок ги прифаќа сите навивачи без разлика на етничката и културната позадина, националност или религиозност. Тие кои ќе бидат забележани со вакво однесување ги очекува исфрлање од стадионот и пријавување во полиција“, објави клубот.
Irish Twitter is INSANE for this pic.twitter.com/rl1iLzqQNW
— murdy (@ShutUpMurdy) September 8, 2022