Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие повторно демантираше дека постои конфликт меѓу неговите две ѕвезди, Килијан Мбапе и Нејмар, откако во вторникот при 2:1 победата над Јувентус во Лигата на шампионите, Нејмар луто реагираше во една ситуација во која Мбапе се реши да шутира наместо да му додаде во подобра ситуација.
„Односите меѓу Неј и Килијан се многу добри, така што нема зошто да ви давам детали. Двајцата се заедно на тренинзи, честопати заедно на загревањето. Да, можеби има ситуации во мечевите. Разговаравме со нив и тие двајата разговараа. Сигурен сум дека Килијан во иднина ќе има доста клучни додавања до Неј, и Неј ќе има додавања до Килијан. Но, не сум почувствувал ништо негативно“, вели Галтие.
Ова не е првпат Галтие да го повтрува истото, откако на почетокот на сезоната имаше конфликт на двајцата фудбалери околу тоа кој ќе изведува пенали на мечот со Монпеје.