Францускиот шампион Пари Сен Жермен го победи Брест на домашен терен со 1:0. Ѕвездите на Кристоф Галтие не беа голгетерски расположени, но, сепак, ги освоија планираните бодови. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Нејмар во 30.минута, на асистенција на Лионел Меси.
По оваа победа, ПСЖ е повторно на врвот на табелата во Франција со 19 освоени бода по седум кола.