Хрватска е нов европски првак во ватерполо откако во Сплит во финалната пресметка славеше против Унгарија со 10:9. По цели 12 години, популарните „баракуди“ повторно се на врвот на европското ватерполо.
Три од четирите периоди завршија со израмнет резултат, а Хрватите ја добија втората четвртина со 1:0 (3:3, 1:0, 4:4, 2:2).
Се разбира, завршница беше драматична. Хрватска од петерец дојде до предност од 9:8, а потоа Унгарците не реализираа петерец. Повторно Хрватите преку Мариниќ Крагиќ реализираа петерец за 10:8, а тоа Унгарија не можеше да го следи и до крајот само намали на конечни 10:9.