Боксерот Невфел Уата, конечно, објасни зошто протестирал во боксерскиот ринг, кога во петокот веднаш по стартот на предвидениот меч против Сајмон Кин, тој застана на едно колено и го примора судијата Мартин Форест да го прекине мечот по само 16 секунди.
Француските медиуми тврдат дека 36-годишниот Уата не добил дозвола од Француската боксерска феерација (ФФБ) да влезе во рингот бидејќи не сакале да го осигураат ветеранот. Уата, кој ја претставуваше Франција на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година и кој е братучед на ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема, со потегот сакал да протестира.
„Во петокот ми пратија писмо да ме информираат дека нема да бидам осигуран во случај на проблем. Сакав да боксувам, се подготвував и трошев пари. Тоа што го направив беше протест. Се извинувам на сите боксерски фанови“, изјави Уата.
What was that? #boxing #eyeofthetiger #SimonKean pic.twitter.com/Ma6gGrMZHc
— Pat Talbot (@weleylamotte) September 10, 2022