Top Sport

Ферстапен од седмо место до победа во „дворот“ на Ферари

Макс Ферстапен не го спречи ниту фактот што беше само седми на стартот, за да стигне до славна победа на Италијанското ГП во Монца во „дворот“ на Ферари, откако повторно беше најбрз, а неговиот тим ги направи вистинските тактички одлуки за победад пред освојувачот на пол-позицијата Шарл Леклер и Џорџ Расел.

Карлос Саинс од 17. место скокна на четвртото место, Луис Хамилтон во Мерцедес беше петти (како 19. на стартот), а во поени беа и Серхио Перез (Ред бу), Лендо Норис (Мекларен), Пјер Гасли (Алфа Таури), дебитантот на Вилијамс, Ник де Фрис и Гуанју Жоу во Алфа Ромео.

Иако трката заврши под безбедносно возило поради излетувањето на Даниел Рикардо во Мекларен, Ферстапен победата ја осигура претходно, откако прво од седмото место скокна на третото по фантастичниот старт. Бидејќи стартуваше на „меки“ гуми за разлика од другите ривали, вклучувајќи го и лидерот Леклер, кои беа на „меки“, тој успеа бргу да дојде зад возачот на Ферари, кои решија да го повлечат Леклер и да дозволат Ферстапен да стане лидер.

Откако дојде на првото место, светскиот шампион не дозволи ништо да му стои на патот до победата, а малку неславно, славната трка беше завршена зад безбедносно возило откако стјуардите не успеаја на време да го отстранат болидот на Рикардо.

Scroll to Top