Top Sport

Бодирога станува претседател на Евролигата

Дејан Бодирога ќе биде официјално ратификуван како нов претседател на Евролигата на состанокот на клубовите-акционери на 14 септември, тврди порталот „Еурохупс“. Бодирога ќе биде наследник на Жорди Бартомеу, а Евролигата ќе добие и нов преоден генерален директор во Маршал Гликман.

Шпанските клубови посакувале Бартомеу да остане на позицијата, но волјата на мнозинството е да има промена и Бодирога веќе почнал со состаноците со клубовите и со акционерите за да се направи план за дејствување.

49-годишниот Бодирога е еден од најлегендарните европски кошаркари, а има искуство и во менаџирањето – од 2007 до 2009 година беше генерален менаџерн а Виртус Рома, додека од 2011 до 2015 работеше како потпретседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Scroll to Top