Top Sport

Чурлинов ќе паузира два месеци

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов има сериозна повреда која од терените ќе го оддалечи два месеци. Откако беше обелоденето дека тој нема да може да се приклучи на националниот тим на Македонија за последните два натпревари од Лигата на нации против Грузија и против Бугарија, крилниот напаѓач на Барнли самиот објави дека ќе мора подолго да паузира.

„Ќе отсуствувам од терените два месеци поради повреда. Ајде да го поддржиме тимот на наредните натпревари. Ќе сторам се за што поскоро да се вратам на теренот“, изјави Дарко Чурлинов.

Scroll to Top