„Авантурата“ на Марио Балотели во новиот клуб, швајцарскиот Сион не започна најдобро, откако навивачите на клубот бараа казна за него, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое тој се тетерави во присуство на две девојки пред еден ноќен клуб во Лозана.
32-годишниот италијански напаѓач, кој пристигна во Сион од Адана Демирспор (каде што имаше 19 гола во 35 меча) за 3 милиони евра, официјално е недостапен последните неколку дена поради бронхитис, но во исто време снимките покажуваат поинаква спреченост. Тој инаку има само два настапи за Сион, двапати влегувајќи од клупата, без ниту еден гол.
Das fängt ja gut an ? Sion-Star Mario #Balotelli torkelt durch Lausanne… ? https://t.co/NuuzLuKnyb pic.twitter.com/Cwp5RyikIf
— Nau (@nau_live) September 13, 2022