Top Sport

Амината Дијало повторно уапсена за нападот на поранешната колешка од ПСЖ, Хамрауи

Поранешната фудбалерка на Пари Сен-Жермен, Амината Дијало повторно е уапсена во Франција откако полицијата ја продолжи истрагата за нападот на нејзината поранешна колешка, Кеира Хамрауи минатиот ноември.

Хамрауи беше извлечена од нејзиниот автомобил од двајца маскирани мажи и нападната со челични шипки во моментите кога се враќаше дома од тимски ручек во автомобил со кој управувала Дијало. Веднаш потоа, полицијата ја уапси 27-годишната Дијало со сомнежи дека го организирала нападот за да има подобри шанси да влезе во првиот тим на ПСЖ, но подоцна беше ослободена без обвиненија. Дијало си замина од ПСЖ на крајот на сезоната и се пензионираше од фудбалот.

32-годишната Хамрауи заврши во болница, и се врати на тренинзи оваа година. Таа уште има договор со францускиот клуб, но нема настап оваа сезона.

Инцидентот предизвика и поинакви реперкусии, откако во Шпанија се тврдеше дека Хамрауи била во врска со поранешниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал, кој подоцна се разведе од неговата сопруга.

Абидал бил во врска со нападнатата фудбалерка на ПСЖ?

Scroll to Top