Работнички успеа да оствари важен триумф (1:0) над Победа во осмото коло од Првата фудбалска лига. Мечот се одигра на комплексот на ФФМ, а стрелец на победничкиот гол беше Анес Рушевиќ во 30.минута. Тој доби одлична асистенција од капитенот Крсте Велкоски, се ослободи од противничките дефанзивци, излезе сам пред Тофилоски и го совлада.
Објективот на „Топспорт“ беше присутен на овој интересен дуел.
Фото: Игор Паневски