Top Sport

Бензема ќе го пропушти „Мадрилењо“

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе го пропушти градското дерби против Атлетико, потврди тренерот на „кралскиот клуб“ Карло Анчелоти. Италијанскиот стручњак изјави дека Французинот ќе се врати на терените дури по репрезентативната пауза.

Фудбалерите на Атлетико во недела од 21 часот ќе го пречекаат Реал, во дерби мечот од шестото коло во Примера.

„Нема да кажам кој ќе го замени Бензема, но тој сигурно нема да игра. Почна да работи индивидуално и ќе биде подготвен по репрезентативната пауза“, изјави Анчелоти на денешната прес-конференција, а пренесуваат шпанските медиуми.

Бензема се повреди во Глазгов, против Селтик, во Лигата на шампионите. На 6.септември, Реал и без Бензема славеше со 3:0.

Реал има максимален ефект по пет одиграни натпревари во Примера, додека Атлетико досега освои 10 поени (3-1-1).

Scroll to Top