Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски ќе остане во Унгарија, но наместо за Дебрецен, во иднина ќе настапува за Мезоковежд. Тој ќе биде соиграч на Ремзифаик Селмани, кој ова лето го засили унгарскиот тим.
Давид Бабунски кариерата ја почна во младинската академија на Барселона, а потоа играше и за Црвена Звезда, Јокохама Маринос, Омија, Ботошани, Виторул и за Дебрецен.
Во новата сезона ќе го носи дресот на унгарскиот прволигаш Мезоковежд.