Поранешниот кошаркар на UCLA, Џејлен Хил (22) е пронајден мртов неколку дена откако исчезна во Костарика. Хил исчезна во Костарика пред неколку дена. За жал, не дојде добра вест и неговото семејство потврди дека починал.
Не се знае многу за неговата смрт. Семејството само објави дека Џејлен починал на 22-годишна. 208 сантиметри високиот Хил го одигра својот последен натпревар во кариерата за UCLA на крајот на јануари 2021 година.
„Веста за смртта на Џејлен Хил е потресна. Нашите мисли се со неговото семејство. Џејлен беше момче со големо срце и голема насмевка. Тој не напушти прерано”, изјави Мик Кронин, неговиот тренер од UCLA.
Причината за смртта може да биде депресија. Хил го напуштил колеџот во 2021 година барајќи одмор од сето тоа и признал дека често бил депресивен поради неговата огромна желба да успее.
Our program is deeply saddened to learn of the passing of former student-athlete Jalen Hill. We offer our most sincere condolences to his family and friends during this difficult time. pic.twitter.com/JOUrHjh9NU
— UCLA Men’s Basketball (@UCLAMBB) September 21, 2022